Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Куманово, јуни, 2014 - Проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки во Куманово го одбележа проширувањето на услугите на центарот за јавни набавки во североисточниот регион. На настанот беа претставени можностите што сега покрај за микропретпријатијата од вардарскиот, ќе бидат достапни и за тие од североисточниот регион.
„Микропретпријатијата се признати во целиот свет како важни елементи на националните економии кои придонесуваат значително кон зголемување на вработувањето и намалување на сиромаштијата“, рече директорот на мисијата на УСАИД, Џејмс Стаин. „Иако пазарот на јавни набавки се проценува на околу 1,2 милијарди долари годишно, микропретпријатијата традиционално не учествуваат во него. Ние сакаме да го промениме тоа“.

obuka-kumanovo

Со проширувањето на услугите во североисточниот и во југоисточниот регион, проектот на УСАИД ќе нуди обука, секојдневна техничка помош, како и информации за 300 микропретпријатија од 35 општини. Покрај тоа, на повеќе од 300 локални договорни органи ќе им предлага конкретни мерки за намалување на тековните административни оптоварувања и други пречки со кои се соочуваат микропретпријатијата.