Печати

Дојран , 14-17.07.2016, Фондација Фокус годинава учествуваше на Д-Фестивал со неколку активности . Д-Хаунт опфаќаше повеќе интерактивни игри кои ги поттикнуваа тимските вештини, меѓусебната комуникација, слободата на изразување и креативноста на учесниците на Фестивалот.Шестчлениот тим успеа да ги мотивира учесниците кои земаа активно учество на Д –Фестивалот во активностите што ги реализирање Фондација Фокус.

Исто така активистите на Фондацијата земаа активно учеството на дискусиите и дебатите придонесоа за размената на ставови , идеи , искуства на младите учесници на Д-Фестивал.
Учеството на Фестивалот го помогна Цивика Мобилитас чиј што институционалнен грантист е Фокус. Претставниците на Фондацијата стекнаа искуството преку вмрежување со други граѓански организации и промовираа размена на идеи, ставови и мислења што беше мотив за учество на Фестивалот.