Печати

 

Планинарскиот дом во село Папрадиште ќе добие нов лик. Активисти и волонтери на Фондација Фокус и Еколошката Групација Грин Пауер со заеднички сили викендов ќе работат на реновирање на домот. Ќе се варосуваат ѕидовите и таваните на просториите во домот, ќе се фарбаат вратите и прозорците, ќе се перат чаршавите и ќебињата и темелно ќе се измијат садовите. Волонтерите ќе го искосат и уредат дворот пред домот а ќе цртаат и графити на ѕидовите од дворот.


Акцијата ќе се одржи од осми до десети септември и ќе се реализира во рамки на проектот „Мрдни со прст“ од каде е обезбедена донација на иницијативата што ја напиша Фокус. Финансиската поддршка ја обезбедува Националниот младински совет на Македонија.
Фокус и Грин Пауер со оваа волонтерска акција ќе овозможат подобрување на условите за престој како на членовите на Граѓанските организации така и на граѓаните кои се пасионирани вљубеници во природата и планинарењето. Волонтерите ќе направат се планинарскиот дом кој се наоѓа во едно од најживописните села во Македонија, да привлечат што поголем број на туристи.