Печати

„Фокус за граѓаните и за заедницата“ е мотото под кое Фондација Фокус реализира кампања во чии рамки спроведе иницијатива за репарирање на елементите за забава на децата и клупите за седење а беа поставени и канти за смет во паркот покрај популарно наречената ХИВ - ска зграда и до Железен мост, во населбата Дворови во Велес.


Откако од ЈКП Дервен побара да се искоси тревата, Фокус започна да ја реализира иницијативата. Беа поправени десете клупи на кои се заменија старите со нови дрвени летви. Се подготвија нови клацкалки за лулашките. Се бојадисаа сите елементи за детска забава и се поставија кантите за смет. Тимот на Фокус и неколкумина волонтери го собраа сметот од тревниците.
Акцијата за репарирање на паркот, до Железниот мост, се спроведе како дел од проектот „Поддршка за јакнење на правните и финансиските капацитети“, финансирана од Фондација отворено општество Македонија.
Преку оваа иницијатива, целта на Фокус беше да ги мотивира граѓаните да излезат и преку волонтерска акција да допринесат во уредувањето на просторот а потоа и да се грижат за зачувување на репарираните елементи и парковската површина. Затоа на детскиот елемент вовче е поставена табла со порака „Зачувај ме, за да ме имаш, вашиот Парк !“

Изглед на паркот пред репарирање:

Започна репарирањето на урбаната опрема:

Изглед на паркот со репарираната урбана опрема: