Над 90 учесници присуствуваа на билатералната конференција „Европски искуства за развој на туризмот - билатерална соработка Македонија-Алзас“ што се одржа вчера на 5-ти декември, во организација на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“, општина Велес и Асоцијацијата АЛМА од Алзас, Франција. Меѓу нив беа осум градоначалници од 9-те општини на Вардарскиот регион, претставници на локалните самоуправи, на граѓански организации, архитекти, бизнисмени, винарии. Сите тие слушнаа искуства од четиричлената француска делегација за развојот на туризмот во Франција, особено за развој на руралниот и транзитниот туризам.
На конференцијата беше присутен и амбасадорот на Република Франција во Република Македонија Н.Е Кристијан Тимоние. Тој ја поздрави соработката помеѓу партнерите од Македонија и Франција и рече дека очекува нејзино продлабочување.


„Навистина сакаме оваа соработка да биде на конкретен начин збогатена. Од суштинско значење е да се воспостави вистинска соработка помеѓу НВО и општините бидејќи тоа е суштинска работа во европската поддршка. Особено во посебни области, бидејќи регионот Алзас поседува големо искуство од областа на туризмот, земјоделството и особено од областа на винарството. Делегацијата која што е овде поседува големо искуство и се надевам дека наскоро ќе можеме да отпочнеме со реализација на конкретни проекти. Нашето министерство за надворешни работи поддржува одреден број проекти преку децентрализирана соработка и се надевам дека ќе можеме да подржуваме вакви проекти. Допатував за да искажам зборови на симпатии кон ваквите активности. Оваа соработка не само со општина Велес, туку со целиот Вардарски регион е значајна соработка, бидејќи постои можност таа да биде проширена“ рече амбасадорот Тимоние.
Градоначалникот на Велес Аце Коцевски очекува можност за реализирање на проекти кои ќе го развиваат винскиот и руралниот туризам, бидејќи според него Вардарскиот регион има потенцијали.
„За нас ова е многу значаен момент. Очекувам и како Градоначалник и како Претседател на Вардарски плански регион, соработката да ја продлабочиме многу повеќе во наредниот период и искуствата од француската делегација да ги искористиме за развивање на винскиот и руралниот туризам во овој регион, рече Коцевски.
Конференцијата ја отвори Александар Донев, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
„Во изготвување сме на еден документ кој што ќе ги обедини сите туристички чинители позади кои ќе застанеме сите заедно со Владата на Република Македонија, за да ги одредиме чекорите по кои ќе го развиваме туризмот во Македонија на одговорен начин и на начин кој ќе обезбедува одржлив развој на туризмот, рече Донев.
Неколку часовната конференција помина со размена и споделување на неверојатни искуства за развојот на туризмот во Алзас Франција како и со конструктивна дебата помеѓу француските експерти и учесниците на конфгеренцијата.
Особено интересно беше да се слушне излагањето на експертката по рурарел туризам Катрин Гесберк која раскажа како заедно со тимот и француските граѓани од областа Алзас успеале да го претворат регионот во прекрасно туристичко место кое годишно привлекува над четири милиони туристи од целиот свет. Сега овој регион се наоѓа и на светската туристичка мапа.
Покрај експертаката за рурален туризам, во составот на француската делегација се Пјер Жошеми, заменик директорот на Агенцијата за развој на туризмот на Долна Рајна, Марк Шлеф, претседател на Асоцијацијата АЛМА и Клод Ешвалд, архитект за културно наследтсво од регионот Алзас.
Н а конференцијата беше реализирана промоција на вина од четри винарии од Вардарски регион. Делегацијата е се уште во Велес и ги посети општините Чашка и Кавадарци.
Фондација Фокус, општина Велес и градоначалниците на 9-те општини ќе ги конкретизираат проектите што ќе следуваат во наредниот период. Фондација Фокус ја продололжува да соработува со Асоцијацијата АЛМА на која ќе и предложи две проектни идеи во насока на развој на туризмот и економскиот развој на Велес и регионот.