Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1
на тема „Образованието на немнозинските етнички заедници – предизвици и проблеми“ на 09.06.2008 (понеделник) со почеток во 10:30 ч. во големата сала на Општина Велес.

Покана за учество на јавна дебата на тема “Образованието на немнозинските етнички заедници – предизвици и проблеми“

Почитуван/а,

Ве покануваме на јавна дебата на тема „Образованието на немнозинските етнички заедници – предизвици и проблеми“ на 09.06.2008 (понеделник) со почеток во 10:30 ч. во големата сала на Општина Велес. Дебатата ја организира Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) во соработка со Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС од Велес (поранешен Центар за поддршка на НВО – Велес) во рамките на проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита“, финансиран од Европската комисија и ФИООМ.

Целта на јавната дебата е да се констатира актуелната состојба што владее во образованието на припадниците на заедниците, да се придонесе кон поголема информираност на граѓаните за предизвиците што ги нуди образовниот процес и за потребата од подобрување на образовните можности.

Воведен збор ќе имаат г-дн Аце Коцевски – Градоначалник на општина Велес, г-дин Стојан Маневски – Градоначалник на општина Чашка, г-ѓа Весна Хорватовиќ – директорка на Бирото за развој на образованието на Р. Македонија, г-дин Асен Прличков – директор на ООУ „Васил Главинов" Велес, г-дин Зати Рамаданов – претседател на ЗГ „Романи Бах“ Велес и г-дин Мурати Нејаз, преставник од Советот на родители од ООУ „Васил Главинов" Велес. Модератор на јавната дебата ќе биде г-ѓа Веса Шкортова, извршен директор на Фондација ФОКУС.

За дополнителни информации и потврда на Вашето учество обратете се до Димче Велев, локален координатор, Фондација за локален развој и демократија ФОКУС Велес, тел. 043/221583 или по електронска пошта на адреса: dvelev@sonet.com.mk.