Печати

Како да се стигне до Фондовите за претпристапна помош на ЕУ во Р.Македонија,  да се продлабочи соработката на општините во Повардарскиот регион во кој се наоѓа општина Велес и зошто е потребна соработка со Здруженијата на граѓани (НВО), на оваа тема денеска и утре се обучуваат 17 граѓани од Велес и Градско претставници на граѓанскиот сектор и на  образовните институции.

Обуката ја реализира Фондацијата „Фокус“ а е финансиски помогната од  ФИООМ, а реализиран од г-ѓа Лидија Димова - Македонскиот центар за европски тренинг.

„Целта на обуката е да се зајакнат капацитетите на локалната заедница. Таа да добие навремена и точна информација колку сретства и за каква намена  може да искористи. Станува збор за пари од европските фондови со кои заедницата ќе може да надминува и решава регионални проблеми,“ вели Диме Велев од „Фокус“.

Обуката, на учесниците, им нуди можност  да научат да напишат успешни проекти или доволно добро и квалитетно да ја образложат идјата која треба да понуди развој на интегривните процеси на државата.

На овој начин институциите ќе можат да ги користат услугите и сервисите на Европската унија, да бара консултација и помош во реализирање на проектите, да бара пари  за развој на локалната заедница.

Во земјите, кандидати за членки во Европската унија, овие фондови нудат такви можности претежно за развој на  земјоделството, образованието и граѓанскиот сектор.

превземно од www.lisica.mk