Почитувани,
Младинскиот клуб при Фондацијата “Фокус” во рамките на проектот „Младите за отворено општество - Локална младинска иницијатива“, кој се реализира во партнерство со Младинскиот образовен форум (МОФ), финансиски поддржан од ФИООМ, организира јавна дебата на тема
„ Модерните трендови пресудни за односот на младите
кон животната средина и урбаната опрема “
Јавната дебата ја организираме со цел да се подигне свеста кај младите во зачувувањето на животната средина и урбаната опрема.
Дебатата ќе се одржи на ден 18.02.2009 год (среда) со почеток во 19:00 часот, во Големата сала на Општина Велес.
Посебна чест ќе ни претставува Вашето ценето присуство, како и Вашето активно учество во дебатата.
Почитувани,
Општина Велес и Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“, организираат
Јавна расправа за нацрт буџетот на Општина Велес за 2009 година.
Јавната расправа ќе се одржи на 24.12.2008 ( среда ) во големата сала на општината со почеток во 16:00 часот и истата е отворена за сите заинтересирани граѓани.