Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Почитувани,

Ве поканувам да присуствувате на десетта седница на Управниот одбор на Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС - Велес.

Седницата ќе се одржи на 03 декември 2008 год. (среда) со почеток во 19.30 часот, во просториите на Фондацијата.

ПОКАНА за присуство на работилница за идентификација на граѓански приоритети за 2009 год.

Image

Општина Чашка и Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“- Велес организираат работилница за идентификација на граѓанските приоритети за 2009 год.

Приоритетите кои ќе бидат предложени на работилницата од страна на претставниците на месните заедници и невладините организации, ќе бидат доставени до општинските служби и Советот на општината со цел да бидат земени предвид при подготовка на Нацрт програмите на општината за 2009 година.

За таа цел, Ве покануваме да присуствувате на работилницата закажана за 24.11.2008 год во О.У. „Тодор Јанев“ во Чашка, со почеток во 12:00.

Во прилог е предвидениот дневен ред на работилницата.

Со надеж дека ќе ја прифатите поканата за присуство Ве поздравуваме.

Почитувани,


Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС , Велес  Ве поканува да присуствувате на координативна средба на здруженијата на граѓани од Општина Велес.


Целта на средбата е да се подготви и достави предлог до општинаската администрација и Советот на општината за уредување на  начинот на финансирање на НВО и поддршка на активностите на граѓанските здруженија во 2009 година.


Средбата ќе се одржи на ден 12 ноември 2008 година (среда) со почеток во 18.30 часот.