Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

grad2

За посебни заслуги и придонес во развојот и афирмацијата на општината, општина Градско и додели благодарница на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ Велес. Благодарницата Фокус ја доби по повод денот на општината, 16 декември.  Тимот на Фокус се заблагодари на општина Градско, а Фондацијата и понатаму останува отворена за взаемна соработка, секогаш кога граѓаните и нивните  проблеми се приоритети и цели на работењето на општините.

На манифестацијата „Компиријада 2011“ во Г.Јаболчиште, општина Чашка, се изврши свечено пуштање во употреба на пристапниот пат до училиштето „Лирија“ и примопредавање на спортските реквизити за наставата по физичко воспитување и урбана опрема.
Подобрувањето на пристапноста и обезбедената опрема се дел од успешно спроведената иницијатива која ја поддржа Амбасадата на Сојузна Република Гергманија а се вклучија општина Чашка и месното население.

jabolchishte 1

Дебатерскиот тим при Фондацијата „Фокус“,  во состав: Моника Саздова, Дејан Ризински и Весна Радиновска, од Советот на општина Велес по повод 9-ти Номеври, денот на општина Велес доби 9-то Номевриска Пофалница.

За освоеното второ место и сребрениот медал на меѓународното дебатно првенство Macedonia Open 2011, ораганизирано од Младинскиот Образовен Форум, во конкуренција на дебатерски тимови од 8 држави и тоа: Република Македонија, Соединетите Американски  Држави, Романија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Косово.