Печати
 

Советот на општина Лозово по повод денот на Општината, на Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“ од Велес и додели благодарница за постигнатите резултати во соработката и придонесот во развојот и афирмацијата на општината.

 

Фондацијата Фокус во изминатите четири години активно соработува со локалната самоуправа и невладините организации од Лозово. Во партнерство, успешно се изгради детскиот забавен парк, беа одржани работилниците за идентификување граѓански приоритети, информативно координативните средби и јавни расправи за програмите и буџетот на општината. Преку редовното доставување на дневните редови и  одлуки од седниците на Советот и поставувањето на инфо огласни табли се подобри информираноста кај граѓаните за работата на Советот на општината.