На манифестацијата „Компиријада 2011“ во Г.Јаболчиште, општина Чашка, се изврши свечено пуштање во употреба на пристапниот пат до училиштето „Лирија“ и примопредавање на спортските реквизити за наставата по физичко воспитување и урбана опрема.
Подобрувањето на пристапноста и обезбедената опрема се дел од успешно спроведената иницијатива која ја поддржа Амбасадата на Сојузна Република Гергманија а се вклучија општина Чашка и месното население.

jabolchishte 1
За успешно воспоставената соработка и подобрување на условите за следење на воспитно-образовниот процес, Фондацијата „Фокус“ доби благодарници од Општина Чашка и од ООУ „Лирија“ од горно Јаболчиште.
Благодарници за поддршката му беа врачени и на заменик Амбсадорот на Сојузна Република Германија, Валтер Лојкс.
 
jabolchishte 2
 
jabolchishte 3