Печати

Image

Градоначалникот Аце Коцевски им додели благодарници на ФИООМ, Фондацијата „Фокус“ и претставниците од бизнис секторот кои помогнаа во реконструкцијата на Младинскиот парк.

Image

Со пригодна свеченост, во салата „Бели Мугри“ Општина Велес го одбележа крајот на 2008 година. Во своето обраќање градоначалникот Аце Коцевски ги сумираше резултатите за 2008 оценувајќи ја како најуспешна година за Општина Велес.„Општина Велес ќе ја памети како година во која ги добивме големите награди што се доделуваат на општините  на државно ниво. Тоа е најсилниот показател дека во 2008 година ги надминавме сопствените очекувања и дека ги зацврстивме темелите на Општина за пример, општина достојна за Европските стандарди“, рече Коцевски кој упати јавна благодарност до сите институции, организации и поединци кои со своите активности, соработката, конструктивните предлози, критиките и идеите придонесоа за рејтингот на општината на домашно и меѓународно ниво.