Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1
 

Советот на општина Лозово по повод денот на Општината, на Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“ од Велес и додели благодарница за постигнатите резултати во соработката и придонесот во развојот и афирмацијата на општината.

Image

Советот на општина Градско по повод денот на Општината, на Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“ од Велес и додели благодарница за посебни заслуги и придонес во развојот и афирмацијата на општината.

Image

Фондацијата Фокус во изминатите четири години активно соработува со локалната самоуправа и невладините организации од Градско. Во партнерство, успешно се реализираше иницијатива за подигнување на безбедноста во сообраќајот, беа одржани работилниците за идентификување граѓански приоритети, информативно координативните средби и јавни расправи за програмите и буџетот на општината. Преку редовното доставување на дневните редови и  одлуки од седниците на Советот и поставувањето на 10 инфо огласни табли се подобри информираноста кај граѓаните за работата на Советот на општината.

Image

Градоначалникот Аце Коцевски им додели благодарници на ФИООМ, Фондацијата „Фокус“ и претставниците од бизнис секторот кои помогнаа во реконструкцијата на Младинскиот парк.

Image