https://www.cialissansordonnancefr24.com/cialis-20mg-prix/

Програма за добро управување

1.    Развој, промоција и поддршка на практики за добро управување (good governance)

Во рамките на оваа прoграма, Фондацијата ќе реализира активности кои ќе бидат насочени кон промовирање добро општинско управување и подобрување на квалитетот на услугите кои граѓаните ги добиваат од ЕЛС, институциите  и јавните претпријатија . Од друга страна, Фокус ќе овозможува редовно и навремено информирање на граѓаните и ќе обезбедува нивно активно учество во развојот на заедницата преку информирање, обуки, дискусии, нудење конкретни решенија и нивно директно вклучување во конкретни активности .

1.1 Зголемување на учеството на граѓаните во процесите на одлучување и развојот на заедницата

Доставување на дневен ред и материјали за закажаните седници на Совет
Со цел на граѓаните да им ја доближи работата на Советот, Фондацијата ,,Фокус,, во општините во кои делува (Велес, Градско, Лозово, Чашка и Росоман) и ќе продолжи да ја применува воспоставената пратика за доставување на дневните редови и материјали за закажани седници на Совет (што се покажа доста корисно за претставниците на месните самоуправи), Фондацијата ,,Фокус,, доставените материјали од општината редовно и навремено ќе ги  дистрибуира до претседателите на сите месни заедници во секоја од петте општини за кои на конкретната седница постои точка од нивен интерес.

Доставување на одлуките на Советот до месните заедници
Фондацијата ,Фокус,, во општините  Велес, Градско, Лозово, Чашка и Росоман ќе продолжи да ги информира претставниците на месните самоуправи за донесените одлуки на Советот од секоја одржана седница. Се покажа дека претставниците на месните заедници се заинтересирани за сите одржани и донесени одлуки на Советот, а не само за оние седници на кои се одлучувало за прашања кои се однесувале на нивната месна или урбана заедница и тие се повеќе инсистираат да бидат контактирани и информирани.Претседателите пак на месните самоуправи ќе бидат задолжени на состаноци повратно да го информираат населението кое припаѓа на конкретната месна заедница за дневниот ред и одлуките од седници на Советот, а потребните информации да ги објават на инфо огласните табли.

Информирање за тековни јавни расправи
Фокус, следејќи ги препораките и барањата на претставниците на м/у заедници ќе доставува информации до нив и за секоја најавена јавна расправа на општината за тековни прашања. Практиката покажа дека граѓаните не се во можност да се информираат за закажани јавни расправи (особено оние кои не ги следат локалните телевизии каде се објавуваат соопштенијата за овие настани и особено граѓаните во населените места). За таа цел, Фокус ќе ги информира посебно со цел да обезбеди нивно учество во одлучувањето за прашањата од нивен интерес.

Организирање трибини и дебати по актуелни прашања во заедницата
Со цел граѓаните да бидат информирани за актуелните теми и случувања на локално и национално ниво, Фокус ќе организира јавни настани на кои граѓаните ќе имаат можност да ги изнесат своите ставови, да постават прашања и да понудат свои решенија. Исто така, Фокус ќе организира и состаноци, тркалезни маси и слични настани кои ќе бидат иницирани од страна на НВО или претставници на месните самоуправи за проблеми за кои е потребно вклучување на сите заинтересирани страни и одредени експерти. Со оглед на тоа дека во составот на претседателствата на месните и урбани заедници, жените се недоволно застапени, Фокус ќе организира средби (3 годишно) со фокус групи составени од жени вклучително и жени од руралните средини и ќе овозможи дискусии за теми од нивен интерес.

Одржување работилници за граѓански приоритети и организирање јавни расправи

Фондацијата ќе продолжи со организирање работилници за идентификување на граѓанските приоритети и нивно официјално праќање до претседателите на Советите и градоначалниците со цел да бидат земени предвид при подготовка на годишните програми. Исто така Фокус во соработка со ЕЛС во 5-те општини ќе организира јавни расправи за програмите и буџетите за претставници од НВО, месни самоуправи институции и заинтересирани граѓани.

Објавување на усвоените граѓански приоритети (на веб и во брошура)
Фондацијата ,Фокус,, ќе изработи брошури во кои ќе ги објави поднесените граѓански приоритети и оние кои се влезени во финално усвоените програми на општините. Овие брошури ќе бидат доставени до сите претседатели не месните самоуправи и општинската администрација и по нив ќе се работи и дискутира на инфо-координативните средби кои Фокус ќе ги организира во сите 5 општини. Исто така Фокус овие информации ќе ги објавува на својата веб страна, а ќе се залага и за поголема ажурност кај општините за објавување на нивните веб страни.

Одржување на координативно - информативни средби
Фондацијата ,,Фокус,, ќе организира редовни координативно-информативни средби со претставниците на месните заедници и општинската администрација два пати годишно од кои барем една средба ќе биде организирана со присуство на членови на Советот, за да обезбеди континуиран мониторинг на реализацијата на граѓанските приоритети влезени во финалните програми на општините. Освен мониторинг на динамиката на спроведување на приоритетите, на овие средби ќе се воспостави еден двонасочен редовен дијалог помеѓу раководствата на месните самоуправи и администрацијата за навремено адресирање на прашања од интерес. На овој начин и граѓаните ќе може да добијат информации за тековните случувања во нивната месна или урбана заедница конкретно од секој општински службеник и од својот официјален претставник.  

Поддршка на граѓански иницијативи насочени кон локален развој
Фокус ќе обезбеди средства за зајакнување на капацитетите на месните самоуправи за развивањето конкретни иницијативи за решавање на конкретни проблеми во заедницата од различни области за кои граѓаните имаат потреба од интервенција. За таа цел, Фокус ќе помогне во подготовка на апликации, изнаоѓање потенцијални донатори и средства за поддршка на граѓанските иницијативи, било да се поднесени од граѓански организации или од месни самоуправи или самата ќе аплицира кај донатори за таа намена.

1.2    Поттикнување на транспарентно и одговорно управување во општините и јавните институции

Проценка на квалитетот на услуги кон граѓаните
Фокус ќе направи проценка на задоволството на граѓаните од услугите кои ги добиваат од ЕЛС и јавните претпријатија и институции во 3(три) општини во кои има воспоставено стандарди или процедури со кои се подобруваат услугите кон граѓаните. Посочените препораки за подобрување, Фокус ќе им ги достави на увид на локалните власти и администрацијата со што ќе придонесе во понатамошно унапредување на квалитетот на услугите а исто така ќе го промовира успешниот модел пред општините кои немаат воспоставено вакви практики а се заинтересирани за нивно воведување.

Мониторинг на реализација на општинските програми и буџети
Покрај континуираниот мониторинг кој ќе биде правен со одржувањето на инфо-координативните средби директно од страна на претставниците на месни самоуправи, Фокус ќе направи првичен мониторинг на усвоените граѓански приоритети а потоа тековно, во соработка со општинската администрација ќе ја следи нивната реализација. По изминати 6 месеци и на крај на годината, за секоја општина Фокус ќе направи преглед на предложени, усвоени и реализирани граѓански приоритети.

Мониторинг на јавните набавки
„Фокус ќе организира обука и за претставниците на бизнис заедницата од општините во регионот со цел да ги доближи поблиску до нив процедурите и вкупниот систем на јавни набавки и на тој начин да им овозможи поедноставен пристап до информациите и пореална распределба на буџетските средства при ангажирање изведувач или испорачувач на услуги.

Поставување инфо огласни табли
Во текот на 2012 година, Фокус ќе обезбеди инфо огласни табли (согласно истакнатите потреби на учесниците на инфо средбите) и во соработка со општините ќе ги постави во месните заедници каде не постои друг начин за информирање на граѓаните (приоритет ќе биде даден на оние локации кои ќе бидат предложени на заедничките координативни средби).