Програма за ФИЛАНТРОПИЈА

1    Развивање на свеста за филантропија

Во рамките на оваа програма Фокус ќе продолжи со активности за промовирање на филантропијата и со организирање настани за мобилизирање локални ресурси. Исто така Фокус ќе поттикнува општествена корпоративна одговорност кај локалните фирми за да се зголеми поддршката на заедницата.

1.1    Промоција и јакнење на донаторски практики

Промоција и одржување на Фондот за поддршка
„Фокус“ ќе продолжи да прибира средства во Фондот за стипендирање на најуспешните матуранти од општините во кои делува за упис на високото образование согласно утврдени критериуми а во соработка со средните училишта.
Фокус континуирано ќе го промовира Фондот за поддршка на локалните и национални медиуми и на своите веб страни (www.focus.org.mk и www.fondfocus.mk ), ќе ги објавува сопствените но и филантропските активности спроведени од други индивидуалци, организации и институции и транспарентно ќе информира за износот на собраните средства и нивната намена.
 
Организирање акции за одбележување на значајни датуми
 Во текот на 2012 година Фокус ќе ги одбележи сите значајни датуми поврзани со детето и со  надминување на сиромаштијата, ќе ги поттикнува човекољубието и волонтерството како начин да се помогне некому или на заедницата.
Ќе бидат одбележани денот и неделата на детето, денот за борба против сиромаштијата и гладта и денот на волонтерството.

Организирање настани за прибирање средства
Самостојно и во соработка со други организации и фирми, на сопствена или на иницијатива на заинтересирани индивидуалци, организации, институции и фирми, Фокус ќе спроведе настани за прибирање средства. На иницијатива на други заинтересирани донатори, Фокус ќе помогне во осмислување и спроведување настан за прибирање средства или за донирање.

Доделување признанија за Поддржувачите на Фондот

Фокус ќе организира настан за доделување симболични признанија за тројца индивидуалци кои донирале во Фондот и имаат највисока индивидуална донација во текот на годината. Исто така на сите компании и фирми кои ќе организраат настан за прибирање средства или директно ќе донираат ќе им бидат доделени признанија за хуманост.

1.2    Промоција и јакнење на корпоративна општествена одговорност
Фокус ќе се залага за зголемување на корпоративната општествена одговорност кај локалните фирми. Ќе се реализираат активности со кои ќе се поттикнат и помалите локални компании да придонесат за заедницата.

Средби со потенцијални донатори од бизнис секторот
Фокус ќе организира и оствари поединечни средби со потенцијални донатори чии фирми се наоѓаат во локалната заедница и но и со сопственици чии компании се надвор од градот но самите потекнуваат од Велес. Нив ќе им се понуди конкретна можност за давање поддршка на конкретни иницијативи кои би произлегле од граѓаните на инфо средбите и на јавни расправи, но и по тековно појавени состојби.

Номинирање компании за признанија за корпоративна општествена одговорност
Фондацијата ќе ги следи добрите практики за корпоративна општествена одговорност и ќе ги номинира за признанија кои се доделуваат од страна на домашни и странски организации и инситуции.

Промоција и развој на волонтерството

Воспоставување волонтерска пракса
„Фокус“, ќе продолжи со ангажирање волонтери за своите организациски потреби и за реализација на настани и конкретни акции. Ќе биде направена база на волонтери кои до сега волонтирале во Фондацијата и на оние кои ќе волонтираат со прецизна евиденција на времето поминато во Фондацијата. Заинтересираните граѓани за волонтерска пракса ќе имаат можност да поминат одередно време за усовршување на некои свои вештини (архивирање, организација на настани, подготовка на апликации) и стекнување искуство. Ќе бидат понудени позиции за кои може да се пријавуваат граѓани. Исто така ќе им се даде можност за волонтирање на постари лица.  

Лиценцирање за ЕВС
Фондацијата во тековната година ќе изврши лиценцирање во Европскиот Волонтерски Сервис (ЕВС) за гостинска, домаќин и крос-секторско организирање на ангажман на волонтери во Македонија. Ќе бидат обезбедени услови за ангажирање нови волонтери за конкретните програми и позиции, како во граѓанскиот сектор така и во јавниот сектор.

Доделување на признанија за волонтерство
Фокус ќе го одбележи денот на волонтерите 5-ти Декември со доделување на признанија на сите волонтери кои биле вклучени во активностите на Фокус и релизирале одреден број волонтерски часови за кои Фокус ќе води евиденција.