https://www.cialissansordonnancefr24.com/cialis-20mg-prix/

Институционално и програмско јакнење на организацијата

1   Институционално и програмско јакнење на организацијата

Во рамки на оваа програма, „Фокус“ ќе ги насочи активностите кон дефинирање на идните насоки за делување и понатамошен раст и развој на организацијата од локално/регионално на национално ниво. Ќе бидат вложени напори во обезбедување на потребните услови и ресурси (технички и човечки) за успешна понатамошна работа и ќе се продолжи со промовирање на работата и постигнатите резултати, особено во јубилејната 5-та година од основањето на Фондацијата.

1.1    Подобрување на квалитетот на работата

Подготовка на стратегија на „Фокус“  за 2013-2015
Фокус ќе започне процес на планирање и подготовка на стратегија за периодот од 2013 до 2015 година. Ќе биде направена анализа на постигнувањата и степенот на реализација на претходната стратегија за развој на Фондацијата и во подготовката ќе бидат вклучени сите вработени, членовите на претходниот Управен одбор, новите членови на одборот , основачите, волонтери и претставници од општинските администрации во 4те општини каде Фокус делуваше изминатите 5 години.

Подобрување на техничка опременост на организацијата
Фокус ќе обезбеди дополнителна опрема потребна за нормална реализација на програмските активности особено заради проширувањето во поголем број општини и ќе направи замена на дел од старата веќе неупотреблива опрема.

1.2    Јакнење на човечките  капацитети и имиџот на Фондацијата

Обуки за вработени, волонтерите  и членови на Одборот
Фокус и понатаму ќе ги зајакнува своите капацитети со обезбедување потребни обуки за вработените, волонтерите и членовите на УО. Фокусот на обуките ќе биде ставен на успешна подготовка на апликации, користење средства од фондовите на ЕУ и финансиски менаџмент. Фокус исто така редовно ќе испраќа свои претставници на конференции и трибини на теми кои се поврзани со актуелни теми за секторот и програмите кои Фокус ги спроведува. Со оглед на тоа дека 2013 година е година во која ќе бидат избрани нови членови на Одборот, ќе бидат организирани обуки за управување во граѓански организации и Фондации како и за улогата на членовите на Одборот.

Реализација на студиски посети во слични организации во регионот (Австрија и Србија)
Фондацијата „Фокус“ ќе реализира посета на две организации со кои веќе има зпочнато преговори за соработка и размена на практики. Тимот на Фокус и дел од волонтерите ќе ги посетат организациите од кои една во земја членка на ЕУ а друга од соседството со цел за деве програми (Млади и Филантропија) да размени искуства и да обезбеди примена на некои од методологиите во Македонија.

Одбележување на 5 годишната работа на Фокус
„Фокус ќе ја одбележи својата 5 годишна работа како самостојна Фондација. Во текот на 2012 година ќе изработи соодветен промотивен материјал со клучни резултати и добиени награди и признанија кои ќе бидат пратени до сите донатори, соработници и партнери. Ќе организира локална  изложба и ќе додели признанија за поддрѓшка и соработка на сите поддржувачи и партнери во текот на изминатите 5 години.