Фондација Фокус денеска и посака добредојде на волонтрерката од Мировен корпус Хејли Хогенкамп од Охајо, САД. Дваесет и две годишната Хејли се запозна со вработените и дел од волонтерите на Фокус и изрази голема благодарност за срдечниот пречек. Волонтерката на Мировен корпус и Фокус ќе соработуваат во наредните две години, а од 5 декември годинава Хејли редовно ќе ја посетува Фондацијата и ќе помага во работата на тимот.

Велес, 27.04.2017 година Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ од Велес ја формираше Комисијата за надзор и контрола што ќе ја следи работата и ќе ја има улогата на контрола врз работењето на Фондацијата. Членови на Комисијата се дипломираните економисти Гордана Јовева и Билјана Саздова и магистерот за јавни набавки Јонче Димковски.