Печати

На 9 јуни во просториите на Фондација ,,Фокус“, се одржа прес конференција на која медиумите беа запознати со воспоставувањето на веб порталот wiki.mk  на кој ќе може да се пронајдат сите корисни информации за Велес.
Целта на овој проект е да го надополни недостигот од информации значајни на локално ниво. На веб порталот откако претходно ќе се регистрира секој корисник, може да дополнува информации но и да комуницира со останатите корисници на страницата.

Воспоставувањето на wiki.mk доаѓа како резултат на  успехот на слободната енциклопедија Википедија. Преку wiki.mk Фондацијата Матаморфозис и Викимедија во соработка со Фондацијата Фокус и локалната самоуправа на велешани ќе им ги направат достапни сите корисни информации за градот.