Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1
Фондацијата ФОКУС, во деновите 14 и 15 јуни 2011 год. во Хотел Метропол – Охрид , како партнер oрганизација на: тимот на Проектот Техничка поддршка за граѓанските организации –ТАКСО, Граѓанската асоцијација МОСТ,  Фондацијата за развој на локалната заедница Штип и Асоцијацијата за демократски иницијативи учествуваше на конференција „Квалитетот во работењето на граѓанските организации“.
Image
 
Image
Целта на оваа национална конференција беше  презентирање на  искуствата од воведување на стандарди за квалитет на граѓански организации од регионот и од земјата и се дискутираше за важноста на квалитетот во работење и стандардизирањето на истиот.  Работните сесии беа насочени кон размена на искуства, согледување на потребите од подигнувањето на квалитетот во работењето на граѓанските организации и препреките со кои се соочуваат. На крајот од конференцијата се идентификуваа препораки што треба да се преземе за зајакнување на квалитетот во работењето. Заклучоците и препораките од работните групи, како и од дискусиите на конференцијата ќе бидат основа за следни чекори.

На оваа конфeренција Фондацијата ФОКУС ја презентираше компаративната анализа за моменталната состојба со практикувањето на квалитет во работата на граѓанските организации, кои беа добиени од реализираните 6 средби на фокус групи во Гостивар, Скоопје, Велес и Штип со 50 преставници на 45 граѓански организации од целата држава.