Печати
Во период од 15-22 август во детското одморалиште „Мајски цвет“ се одржа МОФ Летната академија „Слобода на изразување“, на која учествуваа 150 средношколци и студенти од 14 градови од Р.Македонија. Со 9 учесници на академијата учествуваше и младинскиот клуб при Фондацијата „Фокус“ од Велес.
На академијата се одржаа серија на обуки и тоа: обука за тренери по дебата и учиме право, обука за дебатни судии, обука за аудио и видео активизам , изработка на накит од е-отпад, граѓанско новинарство, изведбени уметности и перформанс градеа вештини и промовираа слобода на изразување.
Исто така младите имаа можност да дебатираат по Карл Попер форматот и Британска парламентарна дебата.

Младите уметници и фотографи, одржаа изложба на рачно изработени предмети, инсталации, графити, портрети на уличниот фестивал кој се одржа на 20-ти август во Паркот на поезијата – Струга.
Овој фестивал им понуди простор и промовирање на младите уметници и прикажување на алтернативна култура. Преку уметнички дела, графити, јавни говори и инсталации младите луѓе го изразија својот став и мислење и ја промовираа слободата на изразување.

МОФ Летната академија и Гласно! Уличен фестивал се организирани во рамките на проектите „Локална младинска иницијатива“ и „Младинска независност“ финансирани од Фондација отворено општество – Македонија.