Печати

Фондација  „Фокус“во партнерска соработка  со Фондацијата  „Метаморфозис“  во рамки на  проектот „Децентрализирана соработка помеѓу Македонија и регионот Долна Нормандија“ ја реализираа првата обука.
11-те учесници на првата обука  подготвија и внесоа статии за Велес и регионот на веб порталот www.wiki.mk. На овој начин тие ја збогатија страната со интересни и корисни информации од различни области : култура, туризам, значајни личности, објекти, настани и сл. 

wikiobuka1

Целта на обуката  е да ја промовира вики-технологијата со која ке се споделуваат информации од локално значење  во повеќе општини во Р.Македонија и да ја подигне свеста за активно граѓанско учество преку користење на  новите технологии.
 Втората обука за нови учесници ќе се одржи на 9-ти Мај во просториите на Фондација „Фокус“

wikiobuka2