Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Фондацијата за локален развој и демократија  ,,Фокус,, потпиша договор за  реализација на проектот ,,Промоција на убавините на Чашка,, финансиран од Институтот за човекови права „Лудвиг Болтцман“, Австриската агенција за развој, Министерството за труд и социјална политика и поддршка од општина Чашка.

fokus dogovor 007

Во рамки на проектот 20 невработени девојки и жени ќе се стекнат со вештини за изработка на сувенири со мотиви препознатливи за општина Чашка, ќе биде отпечатен каталог и ќе биде отворено туристичко-информативно биро во центарот на општината со изложбен дел од подготвените сувенири.
Вредноста на добиениот грант изнесува 3.400 евра, а ќе се реализира во месеците јули, август и септември.