Печати

Велес, 17 декември 2015 -  Повеќе од 25 фирми од Велес, Кавадарци, Чашка,  Штип и Виница ја посетија обуката за спроведување на целосно електронска постапка за јавни набавки. Постапката за учество на тендери за јавни набавки која се спроведува по целосно електронски пат на претставниците на микропретпријатијата им беше презентирана од  сертифициран обучувач од Бирото за јавни набавки.

obuka cgk

 Ова знаење на микропретпријатијата ќе им послужи за нивен посигурен настап на пазарот на јавни набавки заради тоа што почнувајќи од први јануари 2016 година стапија на сила одредбите од законот за јавни набавки кои се однесуваат на задолжително спроведување на постапките за јавни набавки со користење на електронски средства во најмалку од  30 проценти од објавените огласи. Обуката се одржа во рамки на УСАИД проектот за поддршка на микропретпријатија до јавните набавки.