Печати

Велес, 14 јануари 2016 - Резултатите што ги постигна проектот за поддршка на малите и микро претпријатија во јавните набавки во изминативе три години доведе до проширување во нови региони во државата. Освен во Вардарскиот и Североисточниот тој се спроведува и во Југозападен и Пелагониски. Асистентите на Регионалниот центар за поддршка во Велес сега  ги посетуваат општините од овие два нови региони и остваруваат директни контакти со цел да ја добијат вкупната бројка на мали и микро претпријатија кои работат во овие општини.

tabla fin

„Досега ги исконтактиравме речиси сите општини од новите региони. Сите покажаа голем интерес за учество во проектот и веднаш ни ги доставија потребните информации и контакти од фирмите регистрирани на нивна територија. Претстои период кога ќе ги контактираме фирмите за да видиме колкав ќе биде нивниот интерес за учество најпрво на обуки а потоа и за учество на јавните набавки“, рече асистентот Даниела Ковиловска.

caci i daki fin

Триста мали и микро претпријатија, преку проектот, добиваат бесплатни обуки и секојдневна стручна помош и консултација од асистентите. Тие им помагаат при изработката на тендерската документација како и за пријавување на огласите за јавни набавки.

„Прво ги обучуваме сами да можат да го користат системот за јавни набавки, да ги следат огласите а потоа во чекор им помагаме конкретно кога ќе се сретнат со некаков проблем. Стручно им помагаме да ја направат тендерската документација, како да ја пополнат самата понуда, заедно ги толкуваме критериумите дадени во огласот или пак ги упатуваме да побараат дополнително објаснување кај договорните органи“, рече Ковиловска.

Проектот за пристап до јавните набавки се имплементира од ноември 2012 година. Со него континуирано се опфатени околу триста фирми. Асистентите од регионалниот центар во Велес велат дека сега тие редовно ги следат и учествуваат во јавните набавки кои им носат сигурна работа и прилив на финансиски средства.

„Тоа значи дека имаат обезбедено работа за одреден период, дали тоа е за шест месеци, девет месеци или за една година. Најинтересен пример ни е молерот Венко од Велес кој има фирма „Декор 96“затоа што човекот е постар. Тој кога дојде кај нас не знаеше да го улкучи компјутерот, откако го обучивме сега сам си ги симнува тендерските документации, сам си принта, сам си ги пополнува, сам учествува на електронска аукција. Дури со него имаме направено и целосна електронска набавка што е чекор и пред многу други поголеми фирми“, рече Ковиловска.

Фондацијата Фокус од Велес го реализира проектот во четири региони со вкупно 33 општини. Заедно со партнерската организација „Ехо“ од Штип ја покриваат целата територија на Македонија. Проектот ќе се спроведува до март 2017 година.