Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Кавадарци, 16 март 2016година, На дваесет и пет фирми од Кавадарци кои присуствуваа на обуката за спроведување на целосно електронски набавки, детално, теоретски и практично им беше презентиран начинот на кој треба да учествуваат во овие постапки. На фирмите им беше објаснето како треба да го користат дигиталниот сертификат, кој е задолжителен за учество во овие постапки, кој е начинот на кој ја поднесуваат апликацијата до јавните институции и како целосно треба да ја реализираат оваа постапка.

obuka kavadarci 1  obuka kavadarci 2

Согласно измените во законот за јавни набавки 30 проценти од јавните набавки оваа година треба да се спроведат по електронски пат. Овој број во следната 2017 година ќе се искачи на 50 проценти, а во 2018 година сите постапки треба да бидат целосно електронски.
Обуката се спроведе во рамки на проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки кој веќе четири години го спроведува Фондација „Фокус„ од Велес и невладината „Ехо“ од Штип под лидерство на Центарот за граѓански комуникации од Скопје.