Печати

Прилеп, 21 март 2016 година, Седумнаесет претставници на микропретпријатија од општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани присуствуваа на целодневната обука за јавни набавки која се одржа во Прилеп. На микропретпријатијата од сертифициран обучувач им беше презентиран начинот на кој тие може да учествуваат во процесот на јавни набавки. По одржување на обуката сите присутни претставници на микропретпријатијата  ќе можат да ги користат услугите на Регионалниот центар во Велес кога ќе се соочат со каков било проблем поврзан со јавните набавки.

obuka prilep   

Обуката беше спроведена во рамки на проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки кој го спроведуваат фондација „Фокус“ од Велес, невладината „Ехо“ од Штип под лидерство на Центарот за граѓански комуникации од Скопје.