Печати

Крушево, 21 април 2016 година, Дваесет микропретпријатија од Крушево учествуваа на целодневната  обука за јавни набавки која се спроведе  во рамки на УСАИД проектот за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки. На обуката на микро и малите претпријатија од сертифициран обучувач им беше презентиран целокупниот процес на јавни набавки и детално им беше доближен начинот на кој тие може да учествуваат во овој процес. Присутните претставници на претпријатијата по завршување на обуката секојдневно  може да ги користат услугите од Регионалниот центар за јавни набавки доколку се соочат со какви било проблеми со јавните набавки.

obuka krusevo

УСАИД проектот за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки го реализираат Центарот за граѓански комуникации од Скопје, Фондација „Фокус“ од Велес и „Ехо“ од Штип.