Печати

Охрид, 19.05.2016 година, Дваесет и еден претставник на микро и мали претпријатија од општина Охрид присуствуваа на целодневната обука посветена на вклучување и активно партиципирање во процесот на јавни набавки.
На обуката микро и малите претпријатија се запознаа со целокупниот процес на јавни набавки, како тој се спроведува, кои се можностите и начините за негово практикување. По оваа обука претпријатијата секојдневно ќе може да ги користат услугите на Регионалниот центар за јавни набавки доколку се соочат со какви било проблеми со јавните набавки.

obuka ohrid

УСАИД проектот за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки го реализираат Центарот за граѓански комуникации од Скопје, Фондација „Фокус“ од Велес и „Ехо“ од Штип.