Печати

Велес, 06 јули 2016, Водичот за улогата на комисијата за заштита на конкуренција денеска беше промовиран пред велешани во просториите на Фондација Фокус.
Малите, микро и средни претпријатија во Велес па и оние поголемите не знаат како да се заштитат од нелојалната конкуренција на пазарот. Тие се соочуваат со конкуренција но не знаат кој е органот кој може може да ги заштити од неа. Ова се резултатите од испитувањата што ги спроведе Фондацијата за локален развој и демократија Фокус во соработка со Македонскиот центар за европско образование меѓу педесетина фирми во Велес.

promocija vodic 3

Токму затоа се изработи водичот според кој претпријатијата но и потрошувачите можат да ги остварат своите права и да ја избегнат нелојалната конкуренција. Целта на заштитата од нелојална конкуренција се крајните потрошувачи, да им се овозможат ниски цени и да имаат широк избор на производи.

promocija vodic 4

promocija vodic 1

Водичот е изработен во рамки на проектот Трансфер на знаења на политиките на ЕУ за намалување на разликите меѓу граѓанските организации од скопскиот и другите плански региони. Финансиран е од ЦИВИКА МОБИЛИТАС. 
Електронската верзија на Водичот може да ја најдете во прилог. [Преземи pdf]

promocija vodic 5