Печати

Велес, 06.04.2017, Во рамки на програмата Civica mobilitas, во просториите на Фондација „Фокус“ се одржа втората координативна средба на неформалната мрежа за локален развој. На средбата присуствуваа претставниците на Граѓански организации од општините Велес, Лозово, Градско и Чашка.

vtora koordinativna sredba 3

Од Организацијата на жени од Лозово дојдоа со конкретен предлог за реконструкција на детскиот забавен парк, поточно реновирање на девет клацкалки за деца, вратила и лулки, да се реновира постоечката патека и да се изгради нова во должина од 35 метри. Да се постават дрвени летви на бетонскиот полукруг, да се реновираат старите и да се набават нови клупи и да се санира оштетениот дел од оградата како и мрежите на стативите. Претставничката на Организацијата на жени Марија Моневска достави и фотографии од моменталната состојба на паркот. Останува да се финализира буџетот за реализација на овој проект.

vtora koordinativna sredba 1
И од Здружението „Надеж“ од Градско со конкретен предлог за реновирање на детскиот забавен парк. Претседателката на Здружението предложи да се реновира детскиот забавен парк во општината со тоа што ќе се оплемени со нови клупи и детски реквизити, канти за отпадоци.

vtora koordinativna sredba 2

На третата координативна мрежа ќе се дофинализираат предлозите на Граѓанските организации и во иднина ќе се преточат во граѓански иницијативи, за кои потоа Фокус ќе бара донатори.