Печати

Фондација Фокус денеска и посака добредојде на волонтрерката од Мировен корпус Хејли Хогенкамп од Охајо, САД. Дваесет и две годишната Хејли се запозна со вработените и дел од волонтерите на Фокус и изрази голема благодарност за срдечниот пречек. Волонтерката на Мировен корпус и Фокус ќе соработуваат во наредните две години, а од 5 декември годинава Хејли редовно ќе ја посетува Фондацијата и ќе помага во работата на тимот.