Печати

Продолжувајќи ја соработката со општина Лозово а со цел интезивирање на партнерството за решавање на потреби и проблеми на граѓаните од општината на ден 18.01.2018 година претставници на Фондација за локален развој и демократија Фокус Велес имаа работна средба со градоначалникот на општина Лозово, Аце Велковски и претставници на администрацијата. На оваа средба се разговараше за приоритетните теми на граѓаните во општината во кои Фондацијата ќе се вклучи во нивно решавање преку проектни и програмски активности.

 На средбата договорено е наскоро да се одржи и првата активност, дебата за промоција на волонтерството и волонтерските практики со целна група доброволци во противпожарното друштво како и за младински активизам. Оваа активност Фондација Фокус ја спроведува со поддршка на програмата Civica Mobilitas.