Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ Велес со претставник во Локалниот граѓански совет на општина Велес. Извршната директорка на „Фокус“ Убавка Јаневска е дел од телото што општината неодамна го формираше со цел да овозможи максимална отвореност на институцијата преку поголема вклученост на граѓанскиот сектор во процесот на донесување на одлуки и мислења.

Локалниот граѓански совет треба да биде континуитет на некогашната „Зелена коалиција“ но со многу пошироки ингеренции и значење. Од него се очекуваат предлози, идеи и сугестии за подигнување на квалитетот на живот на локалната заедница.

На следната седница Локалниот граѓански совет ќе го донесе Деловникот за работа и ќе избере трочлена комисија која ќе му помага на претседавачот за одредени прашања.