Печати

Свети Николе ,12.02.2018 година

Оставрувајќи ја мисијата и стратешките цели Фондација Фокус од  годинава  ја проширува соработката со општините  во Вардарски Плански регион. Освен во четирите општини Велес, Чашка, Градско и Лозово, Фокус поттикнат од локалните власти денеска доби можност да ги презентира своите капацитети за  идентификување на потребите на граѓаните и нивно застапување пред локалните власти. Фондација Фокус се одзва на поканата на градоначалникот  на општина Свети Николе м-р сашо Велковски.

Извршната директорка на Фокус Убавка Јаневска ја оствари првата работна средба со градоначалникот  Велковски, на која  се разговараше за воспоставување на редовни практики на соработка во јакнење на локалната демократија преку нови форми на вклучување на граѓаните во креирањето на локалните јавни политики и економскиот развој на општината.

На оваа средба како првични насоки Фондацијата ги потенцираше своите досегашни искуства, можности и ресурси со кои  може да ја поддржи општината.  Градоначалникот Велковски пак ги истакна приоритетите на кои во иднина ќе се темели взаемната соработка.