Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Ресен, 7 јули 2016 година, Петнаесет микропретпријатија од Ресен учествуваа на целодневната обука за јавни набавки која се спроведе во рамки на УСАИД проектот за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки. На обуката на микро и малите претпријатија од сертифициран обучувач им беше презентиран целокупниот процес на јавни набавки и детално им беше доближен начинот на кој тие може да учествуваат во овој процес.

Велес, 06 јули 2016, Водичот за улогата на комисијата за заштита на конкуренција денеска беше промовиран пред велешани во просториите на Фондација Фокус.
Малите, микро и средни претпријатија во Велес па и оние поголемите не знаат како да се заштитат од нелојалната конкуренција на пазарот. Тие се соочуваат со конкуренција но не знаат кој е органот кој може може да ги заштити од неа. Ова се резултатите од испитувањата што ги спроведе Фондацијата за локален развој и демократија Фокус во соработка со Македонскиот центар за европско образование меѓу педесетина фирми во Велес.

promocija vodic 3

Струга, 20 мај 2016 година, Петнаесет микропретпријатија од Струга учествуваа на целодневната обука за јавни набавки која се спроведе во рамки на УСАИД проектот за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки. На обуката на микро и малите претпријатија од сертифициран обучувач им беше презентиран целокупниот процес на јавни набавки и детално им беше доближен начинот на кој тие може да учествуваат во овој процес. Присутните претставници на претпријатијата по завршување на обуката секојдневно може да ги користат услугите од Регионалниот центар за јавни набавки доколку се соочат со какви било проблеми со јавните набавки.

obuka struga