Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Image


Велешани порачуваат: Власта нема право да ни ја одземе иднината!

Македонија ги изгуби основните демократски вредности. Слободата не постои, таа е заменета со цензура и самоцензура. Наместо култ кон Уставот и уставните принципи, во Македонија се гради култ на личноста. Мегаломанијата на актуелната власт го гази македонскиот дух и ги затвара сите врати кон Европа и кон иднината.

Со овие констатации, иницијаторите на движењето Граѓани за европска Македонија (Мерсел Биљали, Никола Гелевски,. Бранко Героски, Жарко Трајановски и Владимир Милчин) ја започнаа синоќешната трибина во Велес, втора од серијата средби и разговори со граѓаните за состојбите и перспективите на Македонија.

Салата на општина Велес беше исполнета речиси до последното место со граѓани од различна возраст кои сакаа да ги споделат своите ставови, мислења и грижи за Македонија и нејзината иднина.

 

Претставници од Одборот за спас од Топилница и преставници на Зелената коалиција на 14.1.2009 год. (среда), во состав Аце Коцевски, Градоначалник на Општина Велес, Атанас Василев член на Советот на Општина Велес, Ангелче Гушев и Ненад Коциќ престваници на Зелената коалиција остварија работна средба во Министерството за животна средина и просторно планирање. Во Министерството се разговараше со заменик – министерот Соња Лепиткова и тоа за новонастанатите состојби со продажбата на Топилницата.

Одлука на скопска апелација.
Повисокиот суд ја укина одлуката со која пред три месеци велешкиот суд го прогласи друштвото за производство и трговија „Метрудхем“ од Скопје за нов газда на Топилницата