Фондацијата за локален развој и демократија – Фокус е невладина и непрофитна организација со седиште во Велес, Република Македонија.

Визија:

Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“ е невладина и непрофитна финансиски стабилна организација, вклучена во локалните, националните, регионални и меѓународните мрежи на соработка, препознатлива во јавноста како субјект кој придонесува за вклученост на граѓаните во процесите на одлучување и демократскиот развој.

Мисија:

ФОКУС ги унапредува демократијата, локалниот развој и граѓанското општество. Развива и поддржува иницијативи кои се темелат на принципите на добро управување и одговорно граѓанство.

Стратешки оперативни цели:

    Развој, промоција и поддршка на практики за добро управување (good governance)
    Развивање на свеста за филантропија
    Институционално и програмско јакнење на организацијата

Очекувани резултати:

    Зголемена транспарентност, отчетност и одговорност на локалните власти и институции
    Подобрени навики и практики за донирање и поддршка на локалниот развој
    Зголемена оддржливост и независност на Фондацијата

Активности:

    Информирање на граѓаните за тековни јавни расправи;
    Организирање трибини и дебати по актуелни прашања во заедницата
    Објавување и доставување на едукативно - информативни материјали, предлог и официјални документи и одлуки на ЕЛС до граѓаните во населените места;
    Организирање на работилници за утврдување граѓански приоритети;
    Организирање јавни расправи за програмите и буџетите на општините за 2012;
    Организирање на редовни координативно – информативни средби на претставници на месни самоуправи со членови на општинска администрација и совет;
    Организирање на обуки за претставници на месна самоуправа и
    Поддршка на иницијативи на месна самоуправа и граѓански организации
    Анализи за квалитет на услуги и следење на развојните процеси во заедницата;
    Мониторинг на реализација на општинските програми и буџети;
    Промовирање на нови технологии во процесите на креирање на политики и вклучување во донесување на одлуки;
    Поставување на инфо табли
    Кампања за промовирање на фондот за поддршка;
    Организирање настани за одбележување на значајни датуми (недела на детето, ден за борба против сиромаштијата, волонтерство)
    Организирање настани за прибирање средства
    Развивање на мрежа на соработници и организации од дијаспората
    Промоција и јакнење на корпоративна општествена одговорност
    Активности:
    Средби со потенцијални донатори од бизнис секторот;
    Организирање на донаторска конференција;
    Промоција на донаторски фирми
    Доделување на признанија за корпоративна општествена одговорност
    Воведување на стандарди за квалитет во работата
    Подобрување на техничка опременост на организацијата;
    Обуки за вработени, волонтерите  и членови на Одборот
    Развој на волонтерска пракса
    Учество на меѓународни конференции
    Членство во регионални мрежи
    Воспоставување на соработка со сродни организации од Западен Балкан
 

 -Стратешки план за развој на Фондација „Фокус“ 2013-2015

- Стратешки план за развој на фондацијата 2008 - 2012

- Стратегија за финансиска оддржливост