Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“, Велес, е настаната како резултат на трансформацијата на Центарот за поддршка на НВО во Велес на 20.10. 2006 година.

По шест годишно успешно функционирање во рамките на проектите „Јакнење на капацитетите на НВО надвор од главниот град“ во периодот 2001-2003 година и проектот „Поддршка на иницијативи на НВО за развој на заедницата” 2004-2006 година, Центарот кон крајот на 2006 година се трансформираше во локална Фондација - Фокус.

Проектот „Центри за поддршка“ беше финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ) и имплементиран од ФИООМ.

Image     Image

Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“  е основана од  основачите Веса Шкортова, Димче Велев, Убавка Јаневска и Максим Ацевски.

Со неа управува Одбор.

 

Основните цели на Фондацијата се:

  • Развој, промоција и поддршка на практики за добро управување;
  • Зголемување на учеството на граѓаните во процесите на одлучување и развојот на заедницата;
  • Промоција на филантропијата и
  • Институционално и програмско јакнење на организацијата

Генералните активности преку кои Фокус ги оставрува генералните цели се:

  • Анализирање на актуелните состојби, следење на развојните процеси во заедницата и објавување и пристап до едукативно – инфромативни материјали, актуелни информации за процесите на децентрализација и ЕУ интеграцијата;
  • Организирање на независен мониторинг на реализација на општински програми и буџети;
  • Организирање трибини, дебати, форуми, тркалезни маси, работилници, кампањи, симпозиуми, јавни расправи и регионални средби по актуелните прашања во заедницата за поцелосно и редовно информирање на граѓаните;
  • Развивање и поддршка иницијативи на месна самоуправа и граѓански организации;
  • Промовирање на практики на работа со нови технологии во процесите на креирање на политики и вклучување во донесување на одлуки;
  • Организирање и испорачување обуки за развој, курсеви, средби и сервиси за потребите на здруженија, ЕЛС, месна самоуправа и граѓаните;
  • Организирање настани за прибирање средства и мобилизирање локални ресурси, други хуманитарни активности 
  • Промоција и развој на волонтеризмот и волонтерска пракса.

 

Во изминатиот период Фокус ги реализираше следните проекти:

  1. „Општини според визија на граѓаните“, поддржан од ФИООМ во износ од 16.000 УСД;

  2. „Ние за заедницата“, поддржан од Владата на Р.Македонија во износ од 5.000 УСД;

  3. „Насмевка во пижами“, поддржан од УСАИД, ИТЗ и ЦИРа во износ од 5.500 УСД;

  4. Партнерство-Реторика или реалност?“, партнерски проект поддржан од ОСИ Романија и БТД во износ од 4.000 УСД;

  5. „Ние за заедницата“, поддржан од УСАИД и ИТЗ во износ од 30.500 УСД

  6. „Воспоставување Фонд за поддршка“, поддржан од КОНЕКТ во износ од 9.000 УСД;

  7. „Живеење во мултиетничка средина: граѓани со еднакви права, можности и заштита“, партнерски проект поддржан од Европска комисија и ФИООМ;

  8. „Млади за отворено општество-локални младински иницијативи“, поддржан од МОФ во износ од 10.000 УСД (2008-2010);

  9. „Акција за Европа“, поддржан од ФИООМ во износ 10.000 УСД (2009-2010).

  10. „Граѓани за Европска Македонија“ поддржан од ФООМ во висина 10.300 УСД (2010)

  11. „Институцинален грант за поддршка“ поддржан од ЦИРа и SDC во висина од 27.784 УСД(2010), 22.195 УСД (2011) и 14.102 УСД (2012) или вкупно 64.081 УСД

  12. „Мал Проект – Горно Јаболчиште“, поддржан од Германска Амбасада во износ од 13.815 УСД (2011)

  13. „Зачувај, не уништувај“, поддржан од Пријатели на Македонија, во износ од 1.000 УСД (2011)

  14. „Поддршка на центри на заедницата“ поддржан од ФООМ  во висина од 9.346 УСД (2012)

  15. „Дневен центар за лица со инвалидност и нивна инклузија во општественото живеење“ во партнерство со Здружението на лица со церебрална парализа поддржан од од Лудвиг Болцман-Институт за човекови права (БИМ-ФВ) во висина од 11.434 УСД (2012)

  16. „Промоција на убавините на Чашка“поддржан од Лудвиг Болцман-Институт за човекови права (БИМ-ФВ) во висина од 4.317 УСД (2012)

  17. „Проект на УСАИД за пристап на микропретпријатија до јавните набавки“ во соработка Центар за граѓански комуникации, поддржан од УСАИД во висина од 84.878 УСД (април 2012 – март 2017)

  18. Проект „Ден на Европа“, поддржано од Европска делегација на Македонија, во износ од 5.000,00 УСД, мај, 2013 година

  19. „Креирање веб апликација www.prioriteti.focus.org.mk“, финансиски поддржан од УНДП, во износ од 14.400 УСД, (2012-2013)

  20. Коалиција за буџетски мониторинг, поддржан од Европска унија,во износ од 5.800,00 УСД  (јуни 2015-јуни 2016)

  21. Економско зајакнување на жените од Вардарски плански регион, поддржан од Министерство за надворешни работи на Република Словенија, во износ од 88.000,00 УСД (јануари 2014- септември 2016)

  22. Институциоанлен грант од Програмата CIVICA Moblitas II на SDC имплементирана од NIRAS; SIPU и MCMS во висина  2.504.806,00 денари,   (01.04.2016 до 30.03.2018)

  23. "Еколошка бомба демне над Велес, има ли решение за топилничарската згура?" во рамки на проектот „Развој на еколошко истражувачко новинарство“ поддржан од програмата за грантови "Поддршка на граѓански организации во Службата за граѓанско општество и слободата на медиумите акција 2014 EuropeAid / 136-992 / DD / ACT / MK, “ на Центарот за еколошка демократија Флорозон, Скопје и Здржението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, Скопје,  во висина од 4500 ЕУР (2016)

  24. Младите за отворено општество – локални младински иницијативи на Младинскиот образовен  форум, во висина од  137.700,00 МКД (2016)

  25. „Поддршка за јакнење на правните и финансиските капацитети“ финансиски поддржан од ФООМ, во износ од 10.650,00$, ( 01.04.2017 – 10.03.2018 год.

  26. „Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки“ на Центарот за граѓански комуниакции (ЦГК), Скопје, финансиски поддржан од Civil Society and Media Program 2015 EuropeAid/151569/DD/ACT/MK во висина од 18.720,00 ЕУР