• Убавка Јаневска - Извршен директор

 

Извршниот директор ја претставува и застапува Фондацијата.

Извршниот директор се грижи работата на Фондацијата да биде во согласност со Уставот и законските и други прописи, како и во согласност со Статутот и другите акти на фондацијата и се грижи за спроведување на одлуките на органите на Фондацијата.

Извршниот директор е овластен да донесува одлуки, да извршува договори и да презема обврски во врска со сите работи поврзани со тековните активности на Фондацијата, освен одлуки што се во врска со работите и предметите кои се во надлежност на Основачите и на Одборот.

Во рамките на својата надлежност, Извршниот директор особено ги врши следните работи:

  • ги потпишува финансовите документи на Фондацијата;
  • донесува систематизација на работните места во Фондацијата;
  • располага со имотот и средствата на фондацијата, без право на отуѓување;
  • отвора и работи со банкарски сметки на Фондацијата;
  • вработува и отпушта извршители на одделни работни места;
  • подготувува предлог финасиски план и план за реализација на активности и за извршување на буџетот на фондацијата;
  • се грижи за афирмацијата, контакти и соработка со други организации и институции во земјата и странство.
  • ги следи и ги анализираат состојбите, проблемите и јавните политики во дејноста на фондацијата, дава прогнози и предвидувања, покренува иницијативи и дава предлози за унапредување на работата;
  • врши и други работи одредени со Статутот и другите акти на Фондацијата во обезбедувањето на самостојноста на работата и одлучувањето и почитувањето на донесените одлуки со цел на унапредувањето на работата и афирмацијата.

При извршувањето на своите права и должности, Извршниот директор може да задржи од извршување, односно од објавување заклучоци и препораки на секој орган на Фондацијата (се мисли на одлуки донесени од вработени и помошни тела) за кои смета дека се незаконски или дека не се во согласност со општите интереси, искажани во законските или други прописи, или пак дека не се во согласност со статутот или другите акти на Фондацијата.

За задржување од извршување на заклучоците или препораките, Извршниот директор е должен веднаш да го извести Одборот, а по потреба и основачите. Извршниот директор е должен да укаже на одередени акти кои се донесени од Одборот а не се во согласност со Упатствата и постојните Закони во Република Македонија.

Извршниот директор е наредбодател за извршување на финансискиот план на фондацијата.

Извршниот директор присуствува на сите седници на Одбор без право на глас.

За својата работа одговорен е пред Одборот и основачите.

Основачите ги именуваат и разрешуваат Извршниот директор и Програмскиот директор на неопределено време. Начинот и постапката за избор и разрешување се уредува со општ акт донесен од основачите.

Директорите се овластени да донесуваат одлуки, да извршуваат договори и да преземаат обврски во врска со сите работи поврзани со тековните активности на Фондацијата, согласно своите надлежности уредени со овој статут.

Директорите учествуваат во работата на Одборот екс - официо, без право на глас и ги извршуваат одлуките на органите за управување.