Состав на Комисијата:

 1. м-р  Јонче Димков  - март 2017 - 

 2. дипл. екк. Гордана Јовева -  март 2017 -

 3. дипл. екк. Билјана Саздова - март 2017 - 

 

Поранешни членови на Надзорниот одбор:

  1. дипл.прав. Славјанка Андреевска - претседател - декември 2006 - април 2011

  2. дипл.ек. Зоран Јанкуловски  - декември 2006 - април 2011

  3. дипл.ек. Драган Дамјановски - декември 2006 - април 2011


Комисијата за надзор и контрола е постојан орган избран од Одборот.

Комисијата за надзор и контрола ја сочинуваат 3 члена. Еден член на Комисијата за надзор и контрола може да се избире од редот на основачите и независни членови. Член  на Комисијата за надзор и контрола е неспоиво со друга функција, должност или вработен во фондацијата.

Членовите треба да имаат основно познавање од областа за работата на здруженија и фондации, финансиското работење и ревизија, како и познавање за ризици на кои е изложена фондацијата.

Членовите на Комисијата за надзор и контрола од своите редови избира претседател.

Комисијата за надзор и контрола врши надзор над работата на органите на Фондацијата во смисла на:
•    донесува деловник за работа;
•    спроведување на статутот и програмата за работа;
•    го контролира начинот на работењето на органите на управување и раководење;
•    поднесува извештај на основачите и Одборот најмалку еднаш годишно за финансиското и сметководствено работење;
•    ја прегледува годишната завршна смета и други акти на организацијата и
•    врши други работи утврдени со закон и статутот.

Одборот може да ја отповика комисијата пред истекување на мандатот, во целост или одделни негови членови, поради неактивност или неправилности во работата.

Комисијата за надзор и контрола е должна да изврши преглед на работата и на материјално - финансиското работење најмалку еднаш годишно.

Комисијата за надзор и контрола е должен за своите констатации во материјално - финансиското работење на Фондацијата да ги извести основачите на фондацијата како и да предлага мерки што треба да се превземат.