Одборот го сочинуваат:

  1. Ленче Здравкин - член
  2. Марта Страчкова Бузалкова - член
  3. Стефан Каракачанов - член
  4. Љубица Јаневска- член
  5. Пенчо Јаневски - член

 Порнаешни членови на Управен одбор:

  1. д-р Ненад Коциќ - претседател - декември 2006 - април 2011
  2. Виолета Малчева - претседателка - август 2014 - август 2017
  1. Никола Гелевски - декември 2006 - јули 2007 год.
  2. Катица Чадиева - декември 2006 - октомври 2007 год.
  3. Лилјана Алчева - декември 2006 - септември 2008 год.
  4. Емилија Спировска - декември 2006 - јануари 2009 год.
  5. Јорданчо Бајрактаров - декември 2006 - август 2017
  6. Кире Василевски - декември 2006 - ноември 2009
  7. Виолета Малчева- декември 2006 - април 2011 
  8. Виолета Спасова -  декември 2006 - април 2011
  9. Соња Гаврилова -  февруари 2009 - април 2011
  10. Јадранка Стефкова - август 2014 - август 2017

 

Одборот е највисок орган на општо управување на фондацијата. Одборот е колективен извршен орган на Фондацијата во кој сите членови имаат исти права и одговорности, и управува со имотот на Фондацијата.
Oдборот го сочинуваат најмалку 5 члена но не повеќе од 7 члена, со одлуката за избор се одредува вкупниот број на членови.
Членовите на Одборот имаат право и должност да учествуваат во работата, да даваат иницијативи за подготвување на општи акти и да учествуваат во вршењето на други надлежности на одборот, во согласност со Деловникот за работа и заклучоците на одборот.

Одборот на фондацијата ги врши следните работи во остварување на своите права и обврски:
•    донесува Деловник за своето работење;
•    предлага до основачите за измени и дополнувања на Статутот;
•    учествува во подготовка и усвојува  Стратегија за развој на Фондацијата;
•    усвојува - програми, среднорочни планови, годишен акционен план за спроведување на стратегијата за работа на фондацијата;
•    усвојува буџети, во согласност со наменското користење на средствата и приходите;
•    превзема активности за изнаоѓање на финансиски средства со цел да се исполни мисијата;
•    предлага на основачите за усвојување годишните, наративните, финансиски и други извештаи и усвоените ги објавува на веб страната на фондацијата;
•    доставува финансиски извештај до надлежниот орган на државната управа односно до органот на општините, во случаите кога користи средства од Буџетот на Република Македонија односно од буџетот на единиците на локална самоупарава;
•    одлучува за спроведувањето на независна финансиска ревизија во фондацијата;
•    ја воспоставува и се грижи за континуирано спревдување на политика за судар на интереси;
•    одлучува за стапување и истапување во мрежи, коалиции и сојузи со други домашни и меѓународни здруженија, фондации и институции;
•    донесува одлуки за востановување и доделување  награди, пофалници и признанија;
•    донесува Правилник за избор и разрешување на членови на органи на општо управување, и надзор;
•    усвојува акт за внатрешно организирање на фондацијата и ги поставува стандардите за професионално однесување;
•    на основачите им предлага за избор и разрешување членови на Одборот;
•    со 2/3 мнозинство гласови, избира и разрешува членови на Комисијата за надзор и контрола;
•    избира и разрешува претседател на Одборот;
•    по потреба, формира постојани или повремени тела, комисии и одбори;
•    одлучува за формирање и престанок со работа на организациони форми на Фондацијата ФОКУС, согласно статутарните, стратешки и програмски одредби на фондацијата и
•    донесува и други одлуки во врска со активноста на Фондацијата, освен одлуките кои се посебни права на основачите.

Претседател на Одборот

Во рамките на своите овластувања Претседателот на Одборот остварува контакти со трети лица и со јавноста за да ги промовира целите ставовите и активностите на фондацијата.
Задачите на претседателот на одбор се да:
•    закажува и претседава со седниците на одборот;
•    се консултира со извршниот директор за програмата на седниците на одборот;
•    потпишува официјални документи за кои е потребен потпис;
•    комуницира со поединечните членови на одборот околу нивните одговорности;
•    учествува во процесот на воведување на новите членови на одборот.


Седниците на одборот се одржуваат според потребите на фондацијата, а најмалку 2 пати во годината. Седница на одборот мора да се свикува на барање директорите, кога тоа го бараат најмалку 3 (три) члена на одборот, основач или Комисијата за надзор и контрола.
Седниците се свикуваат со покана до членовите најмалку 3 дена однапред, освен во итни случаи кога седницата се закажува на друг најпогоден начин.

Актите и заклучоците кои ги донесува одборот,  на своите седници,  мора да бидат запишани во записникот од седницата на одборот. Кога актите и заклучоците се носат по принципот „одлучување без присуство“ архивски се евидентираат сите пристигнати писмени изјаснувања.