Волонтеризмот не е евтина работна сила, туку сила која што креира и развива!

 


Како еден од основните принципи за развивање на демократијата волонтирањето овозможува:

 

  • стекнување знаења и искуства и нивно пренесување во заедницата;
  • запознавање со вредностите на граѓанското општество;
  • стекнување свест за сопствените способности;
  • размена на искуства, вештини и идеи;
  • воспоставување партнерства;
  • помош на други;
  • патувања;
  • запознавање нови луѓе.

Визија

Подобрување на условите за живот во локалната заедница по пат на доброволно ангажирање на граѓаните во решавањето на општествените проблеми и нивно вклучување во афирмација на одговорностите и грижата во заедницата во која што живеат.

Мисија

Промовирање на доброволната работа во полза на развојот на локалната заедница преку подигнување на свеста кај граѓаните за нивната улога и одговорност за демократизација на заедницата.

Цели

Фондацијата Фокус преку своите редовни волонтерски активности ќе ги остварува следните цели:

  • промоција на волонтеризам;
  • формирање на волонтерски клуб;
  • воспоставување на кодекс и правила за работа;
  • организирање на едукација и обука на волонтери;
  • идентификување на потребите во заедницата за волонтерска работа;
  • поддршка на граѓанскиот сектор и
  • воспоставување  партнерства со јавниот и приватниот сектор.


Целни групи

Директни целни групи на ФОКУС се: граѓаните - активисти во локалните невладини организации, локалната власт, месните и урбани заедници и приватниот сектор.  

Принципи на работа и соработка

Во практиката на волонтирањето на Фондацијата за секое индивидуално или групно ангажирање ќе се почитуваат и применуваат следните принципи на работа и соработка:

  • меѓусебна доверба;
  • партнерство;
  • активно учество и консултации;
  • транспарентност (јавност);
  • независност;
  • одговорност;
  • посветеност;
  • немање на етнички, родов, социјален, политички и било каков друг фокус;
  • доследност и професионалност.