Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

 Фондација за локален развој и демократија „Фокус“,на 10 јануари 2018 година,одржа работилница со цел да се пристапи кон оформување нова организациска структура во управувањето и примарно во комуникациите внатре и со јавноста. Главни теми на работилницата беа идентификувана и проценета внатрешната организациска структура, како и ниво на функционалноста на програмската структура, влијанието на Фокус.

Во овој процес беа вклучени работно ангажираните, дел од волонтерите, членовите на Одборот и Комисијата за надзор и контрола на финансиското работење на Фокус, како и основачите на Фондацијата. Во рамки на програмата на Civicamobilitas , тимот на Фокус има обврска да направи две проценки на работењето на организацијата, за програмските обврски, дали тие се реални, вистински и продуктивни и организациската структура која што моментално функционира во Фондацијата.

Модераторот на работилницата Димче Велев ги запозна присустните со мисијата и стратешките цели на организацијата како и со новата организациска структура. Врз основа на тоа, членовите на Управниот одбор и Kомисијата за надзор и контрола одговараа на неколку анкетни прашалници за нивната перцепција за Фондацијата.

Првиот прашалник се однесуваше за проценката на Фокус од страна на граѓани што доброволно г ставиле своите капацитети на располагаѓе во фукнцја на Фондацијата.

Вториот прашалник содржеше прашања за личните перцепции за програмските области на кои работи Фондацијата како што се:  добро управување, филантропија, млади и институционалниот развој на организацијата.

По обработувањето на анкетните прашалници Фокус ќе одржи уште една средба со членовите на Одборот и Комисијата за надзор на која ќе бидат презентирани резултатите од обработeните податоци во анкетните прашалници. Тогаш ќе се дискутира и дебатира со цел да се утврдат насоките по кои ќе се подготвува програмата за работа на Фондација Фокус за 2018 и 2019 година.

Програмскиот асистент Александар Стојковски ја презентираше обврската на Фокус да спроведе самоанализа и проценка на работењето на Фондацијата  врз основа на мотото на програмата „Работејќи како еден“ во рамки на програмата Civica mobilitas.

Инаку, двата прашалници, ги одговорија вработените на Фокус и члановите на органите и телата со цел да утврдат во каква состојба, моментално, се наоѓа Фондацијата и со кои видови на организациии се поистоветува.