Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ – Велес, во наредните шест месеци, ќе го спроведува проектот „Транспарентна и отчетна постапка за градежна дозвола“ финансиран со 6.000 евра од Европската Унија преку програмата за поддршка на граѓанскиот сектор и слободата на медиумите 2016 – 2017 година. Тој ќе се спроведува како дел од проектот „Граѓанските организации и медиумите против корупцијата – Коалиција за нулта толеранција“ на Транспарентност Македонија и НВО Инфоцентар.

„Фокус“ преку „Транспарентна и отчетна постапка за градежна дозвола“ има за цел да го зголеми влијанието на граѓаните над општина Велес за отчетно и транспарентно издавање на градежни дозволи како и да овозможи квалитетна и ефикасна услуга што ќе гарантира нулта толеранција.

Проектна апликација на Фондација „Фокус“ е избрана со уште три граѓански организации во Македонија преку кои се обезбедува поддршка на граѓански организации кои во соработка со медиумите и новинарите, ќе реализираат активности поврзани со застапувањето за транспарентни и антикорупциски практики на локалните и националните власти, набљудување на услугите и буџетските трошоци на локалните и националните власти како и со директен активизам против корупцијата.