Фондација за локален развој и демократија „Фокус“,на 10 јануари 2018 година,одржа работилница со цел да се пристапи кон оформување нова организациска структура во управувањето и примарно во комуникациите внатре и со јавноста. Главни теми на работилницата беа идентификувана и проценета внатрешната организациска структура, како и ниво на функционалноста на програмската структура, влијанието на Фокус.
Фондација „Фокус“ согласно планот на активности од Договорот за соработка со Здружението за хумано домување „Хабитат Македонија“ во проектот „Одржлив урбан развој на ромските заедници“ во Велес, на 27 и 28 мај 2021 година, во салата за состаноци на Дом на НВО организираше и спроведе две работни средби со потенцијални членови на Локална лидерска група во Велес.