Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Велес, 05 октоври 2015, Во периодот од 28-ми септември до 4-ти октомври 2015 година беше реализирана младинската волонтерска акција „Млади, мурали и јавни простори“ која се одржа на неколку различни локации во Велес – Младински парк, Мал мост и Амфи-театар. На настанот присуствуваа 15 волонтери и истиот имаше за цел вклучување на младите во грижата за јавните простори и нивно креативно уредување, како и подигање на свеста на граѓаните за достапноста, уредувањето и грижата за јавните простори.

murali veles 5  murali veles 14

Велес, 17 јули 2015 - Иницијативниот одбор на младинскиот совет во општина Велес одржа јавна панел дискусија со цел преку отворена дискусија да се запознаат учесниците за младинските политики и младинското организирање во градот.
„Произлегоа и препораки до Советот на млади во општина Велес, како и за неговото работење. Исто така се дискутираше за Локалната младинска стратегија на општина Велес кој е јавно достапен документ, се прибираа предлози од присутните за истите да бидат доставени до општината и да влезат во препораки за Локалната младинска стратегија“, велат од советот.

panel diskusija 1  panel diskusija 2

Велес, 19 јуни 2015 -  Медиа Арт клубот на Младинскиот образовен форум од Велес го организираше завршниот настан од модулот ,,Реупотребливи материјали", каде беа изложени изработените кукли,накит,честитки и брошови. Целта на натанот "И старотото може да биде ново" е да се информираат не само младите, туку и другите граѓани во Велес за рециклирање и реупотреба на отпад со намена во други облици и предмети.

reupotreblivi materijali 2   reupotreblivi materijali 1