На 01.11. 2012 година младите од Велес беа во посета на својата општина, со цел да се запознаат со работата на Советот и градоначалникот, како и секторите кои постојат во рамките на општината. За време на оваа посета, младите од страна на претставници на општината беа информирани за надлежностите на локалната самоуправа, како граѓаните може да ги остварат своите права, како младите можат да поднесат претставка и иницијатива до општината и за кои прашања и области можат истите да се поднесат.
На 31.10.2012 година во просториите на Фондација „Фокус“ се одржа работилница за утврдување на приоритети на младите во општина Велес. На истата присуствуваа 15 учесници и тоа од следниве младински организации: Младински клуб при Фондација „Фокус“, Извиднички одред „Димитар Влахов“, Клуб на млади „Црвен Крст“ Велес, Младинскиот Образовен Форум и Студентскиот парламент при Техничко -технолошкиот факулет од Велес.
Mладите од Велес учествуваа на локалниот настан „Изборот е младински”, чија цел беше да ги едуцира и запознае младите со основните граѓански и политички права, слободи и одговорности, и да ги поттикне на акција за нивно остварување.