Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

UbavkaSlavicaiSani fin

Здравствените работници, техничкиот персонал и администрацијата во ЈЗУ Општа болница Велес денеска ја добија првата количина на заштитни маски сошиени од шивачки волонтерки од градот и помогнати од жени волонтерки.

Bozovrzuvamaska fin

- Благодарам на поддршката од жените во градот кои на ваков начин покажаа дека се грижат за здравјето на здравствените работници. Маската што јас ја ставив на себе е првата а останатите ќе ги поделиме веднаш на вработените. Помошта е добредојдена затоа од име на сите вработени во болницата благодарам на иницијативата, пожртвуваноста на сите волонтерки, особено на шивачките кои видов како професионално ја започнаа целата работа, преку избор на терк, па изработен примерок и еве со завршен финален производ. Благодарност и за Фондација Фокус за целата волонтерска акција.Тоа на сите нам здравствените работници многу ни значи, рече д-р Бојаџиев.

Секој од вкупно 382 вработени од јавната здравствена установа ќе добие по една маска на која е испечатено логото на акцијата “Велешанки за јавно здравје“. Тоа се маски изработени од богасија, памучен материјал, што може да се испере на 90 степени целзиусови и штом се исуши, испегла повторно да се стави за заштита на лицето, носот и устата.

Втората количина ќе биде испорачана деновиве. Тогаш првите 47 повеќе наменски маски ќе ги добијат и здравствените работници на Болница „Јасеново“. По нив 121 маски ќе се сошијат и за Здравствениот дом во Велес, колку што има има вработени, како и 87 вработени во Центарот за јавно здравје. Потоа ќе се дошие уште втората количина, за втора повеќе наменска маска, за сите вработени.

bolnica fin

Благодарение на донацијата на велешанката Трајанка Чалија денеска се скроени 1.700 повеќе наменски заштитни маски. Директорот на ЈЗУ Општа Болница Велес, д-р Божидар Бојаџиев и Трајанка Чалија разговараа и за нејзина лична донација за потребите на болницата која се бори против епидемијата на „Ковид 19“.

BubaiRuzica fin

VaskaiRuzica fin

Инаку, хуманитарната акција „Велешанки за јавното здравје“ ја иницираше велешанката Ружица Николова, професионална шивачка, која побара поддршка од Фондација за локален развој и демократија „Фокус“. По поддршката веднаш се вклучи и велешаната Славица Костова, професионална шивачка, а потоа и жените волонтерки кои помагаат со споредни операции за изработка на маските.

Доколку се пријават повеќе шивачки од Велес кои имаат професионални машини за шиење и донатори тогаш ќе можат побрзо и во поголем број да се сошијат повеќе наменски заштитни маски.