Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

lencejas

Tеренско мапирање на потенцијални граѓани на кои им е неопходна помош што ќе им гарантира надминување на состојбата на социјален ризик во која дел од нив западнале, не по своја вина, се спроведува во Велес. Мапирањето е дел од проектот на граганските организации „Хаус од хоуп - Ленче Здравкин“ Фондација „Фокус“ во партнерски проект „Е-база на добро спакувани податоци за граѓани од социјално ранливи групи“ регрантиран од „ВСС ЕФЕКТ - Банка за храна“.

Со мапирањето се врши проверка на списоците со евидентрани семејства кои западнале во социјален ризик што ги подготвила „Хаус од хоуп - Ленче Здравкин“ низ годините на својата досегашна работа. Се евидентираат теренски и нови случаи.

Новата евиденција на граѓани во социјален ризик освен во градот Велес,каде живеат македонско, турско и ромско населене, ке ги опфати и двете населени места Бузалково, со жители од албанската и Горно Орзари со жители од бошњачката заедница.

Сите податоци што ќе се соберат на терен ќе бидат ажурирани преку евидентна картичка на која задолжително ќе биде прикачена лична фотографија и потоа внесени во е-базата на „Фокус“и на „Хаус оф хоуп – Ленче Здравкин“ што ќе му се стави на располагање и на донаторот „ ВСС ефект - Банка за храна“. Доколку посто интерес е-базата ќе ја добијат, исто така, Центарот за соцјални работи во Велес и општината. Таа ќе биде подготвена во електронска форма (Access).

При подготовката ќе бидат користени иновативни пристапи кои гарантираат точност и транспарентност на податоците. Базата освен за потребите на граѓанските организации и институциите кои имаат директна потреба, нема јавно да биде објавена, што значи дека ќе се гарантира основното човеково право за заштита на лични податоци на сите евидентирани граѓани. .

Lencepotpshuv fn

Новата е-база се подготвува за да им овозможи на донаторите прецизно да знаат кому и што ќе донираат, да помогне во воспоставувањето ред при распределбата на донациите, како и да овозможи помошта во храна и други материјални добра да стигнува до вистинските крајни корисници.

Таа директно ке му овозможи на Министерството за труд и социјална политика, за утврдување на фактичката состојба преку нови податоци што ќе можат да се споредуваат и надградат со базата што државата ја користи од 2011 година.

Проектот ќе опфати најмалку 200 семејства во Општина Велес.

grantsBSSefekt fn

Проектот дополнително ќе ги зајакне капацитетите на двете граѓански организации за комуникација и соработка со сите засегнати страни и особено со потенцијалните корисници, со локалните бизниси, со општинските и нацонални власти, други граѓански организации и граѓаните за унапредување на банкарството со храна.

Грантот е дел од неформалната мрежа за БСС - ефект - Банкарство со храна ИПА-2017/394-257-БХМК, финансиски поддржан од Европската Унија.